„Шумарите“ ја одредија цената за Елиот Андерсон

„Шумарите“ ја одредија цената за Елиот Андерсон

пред 10 часа

Газдата на фудбалскиот клуб Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја одреди цената за најдобриот играч, Елиот Андерсон.

Англискиот репрезентативец може да го напушти клубот, само соколку некој за неговите услуги е подготвен да плати 100.000.000 фунти, односно 113.000.000 евра.

Андерсотн е клучен за играта на Нотингем Форест, има најмногу допири, најмногу комплетирани додавања, најмногу додавања во последната третина, најмногу освоени топки, дуели и дриблинзи како централен играч од средниот ред.

Комплименти за неговата игра подели и селекторот на Англија, Томас Тухел.

„Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, затоа е со нас и затоа е стартер. Андерсон е клучен играч за нас“, рече Тухел пред натпреварот со Албанија во квалификациите за Светското првенство.

Елито Андерсон има 23 години, минатата година потпиша го продолжи договорот со Форест до 2029 година без откупна клаузула, што на клубот му овозможува да ја одреди цена, доколку тој изрази желба да замине.

Според шпекулациите, сериозен интерес за Андерсон покажува Манчестер јунајтед. Рубен Аморим е во потрага по фудбалер кој ќе го замени во стартниот состав ветеранот Касемиро.

Share
Scroll to Top