Десет дена по објавата дека Јувентус го отпушти Војчех Шчесни (34), полскиот голман ја шокира јавноста со објавата дека заминува во пензија.
Шчесни во 2017 година, од Арсенал за сума од 19 милиони евра пристигна во Јувентус како наследник на Џанлуиџи Буфон. Претходно осум сезони беше во Арсенал.. Откако доби отказ се поврзуваше со трансфер во Монца, но сепак тој реши да се пензионира.
Интересно, тој запиша точно 200 првенствени настапи за црно-белите од Торино.
„На оваа игра и дадов 18 години, секој ден, без иговори. Денес, иако моето тело е подготвено за нови предизвици, моето срце вели поинаку.
Чувствувам дека сега е вистинското време да се посветам на моето семејство. На оваа приказна и дојде крајот, но секој крај е нов почеток.
Што ќе ми донесе овој нов пат ќе покаже времето. Но, во последните 18 години научив дека ништо не е невозможно и верувајте, имам големи сништа“, напиша Полјакот во објавата на Инстаграм.