Новак Ѓоковиќ избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен по непредвидлив тек на настаните и несреќни околности за неговиот противник.
Лоренцо Мусети, кој водеше со 2-0 во сетови, беше принуден да го предаде мечот, што му овозможи на Ѓоковиќ да ја продолжи борбата за титулата.
„Многу ми е жал, денес беше подобар, со мислите веќе бев на пат кон дома. Ми се случило ова неколку пати во кариерата, но сега беше екстремно.“ рече Ѓоковиќ.
Српскиот ас отворено зборуваше за сопствените грешки и неуспешната тактика.
„Стратегијата функционираше во првите неколку гемови, а потоа сè се распадна. Имав околу 40 грешки покрај неколкуте винери. Мусети е таков што никогаш не знаеш што ќе одигра, дали „пасинг“ или кратка топка. Требаше да победи, мислам дека ќе победеше ако беше здрав. Што да кажам? Имав среќа и се надевам дека ќе можам да играм подобро“
Тој го истакна и фактот дека имал среќа:
„Гледам на тоа од позитивна страна, едноставно, понекогаш го губите ритамот на теренот кога играте помалку и треба да тренирате и да бидете на теренот што е можно подолго“.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против бранителот на трофејот, Јаник Синер или Бен Шелтон.






