Ѓоковиќ го мина третото коло на Ју-ес опен

Ѓоковиќ го мина третото коло на Ју-ес опен

пред 3 години

Првиот носител на Ју-ес опен, Новак Ѓоковиќ избори пласман во четвртото коло. Српскиот тенисер, по голема борба, која траеше три часа и 35 минути успеа да го победи Кеи Нишикори со 3.1 ( 6/7, 6/3, 6/3, 6/2). Ѓоковиќ во 20.меч против Нишикори ја забележа 18.победа.

Ѓоковиќ и против Нишикори покажа дека повеќе му оди во прилог кога мечот се игра во три добиени сетови. Србинот се мачеше со сервисот, направи седм дупли грешки, во текот на целиот меч имаше 52 неизнудени грешки, иско во тој сегмент Нишикори имаше три грешки повеќе.

Директните поени беа на страна на Ѓоковиќ 45/38.

На крајот се чини дека победникот го реши реализицијата на брејк топките. Ѓоковќ реализираше седум од 16, додека Нишикори само два пати му го одзеде сервисот на противникот, иако имаше 13 брејк-шанси.

Share
Scroll to Top