Ѓоковиќ експресно стигна до четвртфиналето на Ју-ес опен

Ѓоковиќ експресно стигна до четвртфиналето на Ју-ес опен

пред 1 ден

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ лесно се пласираше во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД.

Ѓоковиќ го победи Германецот Јан-Ленард Штроф со 6:3, 6:3, 6:2, за помалку од два часа игра.

Србинот играше речиси беспрекорно, беше конзистентен од самиот почеток, сервираше брилијантно, уште подобро ритенрнираше и напаѓаше, и рутински ја оствари победата.

Ова е негова најлесна победа досега во Њујорк, иако побара медицинска помош за време на паузите ,еѓу првиот и вториот и вториот и третиот сет. Прво за десното рамо, а потоа и за десната подлактица.

Сепак, тоа не влијаеше на играта на Ѓоковиќ, кој играше од првиот до последниот поен на исто, високо ниво, не дозволувајќи му на својот ривал ниту да помисли дека има шанса.

Ѓоковиќ во четвртфиналето го очекува дуел со четвртиот носител, Американецот Тејлор Фриц.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top