Ѓоковиќ и во микс-дубл не успеа да се пласира во финалето

Ѓоковиќ и во микс-дубл не успеа да се пласира во финалето

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ по лошо ќе го памети 30.јуни 2021 година. Најдобриот светски тенисер играше две полу-финалиња и доживеа два порази.

Ѓоковиќ, во сингл, загуби од Алкесандар Зверев, а еден час подоцна излезе на теренот во микс дубл, заедно со Нина Стојановиќ.

Србскиот микс-дубла, доживеа порас од руската комбинација Елена Веснина/Аслан Карацев со 6/7, 5/7.

Ѓоковиќ и Стојановиќ имаа сет топка во првиот сет, а во вториот испуштија брејк предност.

Веснина и Карацев за златниот медал ќе се борат со сонародниците Анастасија Пављученкова и Андреј Рубљов, додека Ѓоковиќ и Стојановиќ за бронзата ќе се соочат со австралиската комбинација Ешли Барти/Џон Пирс.

Share
Scroll to Top