Најдобриот српски тенисер и третиот рекет на светот доживеа повреда на коленото на Ролан Гарос и мораше да биде опериран. Закрепнувањето се одвива според планот, па Ѓоковиќ сигурно ќе биде подготвен за турнирот во Париз.
Заедно со него нормата ја исполни и Душан Лајовиќ. Голема е веројатноста тандемот Лајовиќ-Ѓоковиќ да игра и во двојки на Олимписките игри, но се уште не е потврдено.
#TeamSerbia za #Paris2024 je dobio nove predstavnike i sada broji 9⃣6⃣ članova
Teniseri Novak Đoković i Dušan Lajović ispunili su uslove po ATP renkingu i potvrdili svoj nastup na Olimpijskim igrama #JedanTimIstiCilj #ZaSrbiju pic.twitter.com/muTabO6wY8
— Team Serbia (@OKSrbije) June 18, 2024
И двајцата ги исполнија олимписките норми според АТП рангирањето и претходната година настапуваа за Дејвис куп репрезентацијата на Србија.
Ѓоковиќ ќе се обиде да го освои единствениот трофеј што му недостига во кариерата – златен медал, додека учеството на Душан Лајовиќ на претстојните Олимписки игри е прво во неговата кариера.