Ѓоковиќ и на Ју-ес опен влезе во „клубот 90“

Ѓоковиќ и на Ју-ес опен влезе во „клубот 90“

пред 2 месеци

Новак Ѓоковиќ со триумфот над Ласло Ѓере ја забележа 90-та победа на Ју-ес опен, Грен слем турнирот каде има најмалку победи.

Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени Грен слем титули (24), а сега стана единствениот во историјата кој има најмалку 90 триумфи на секој Грен слем.

Најмногу има на Вимблдон (97), потоа Ролан Гарос (96) и Австралија Опен (94).

Во третото коло во Њујорк, в петок, Ѓоковиќ ќе се сретне со Алексеј Попирин, кој игра во животна форма и неодамна го освои Мастерсот во Монтреал, а Новак сезонава се мачеше со овиј противник на во Мелбурн и Вимблдон.

Новак има четири титули на Ју-ес опен, првата во 2011 година, а потоа славеше и во 2015, 2018 и 2023 година.

Share
Scroll to Top