Ѓоковиќ поразен од Карењо-Буста, Шпанецот го освои бронзениот медал

Ѓоковиќ поразен од Карењо-Буста, Шпанецот го освои бронзениот медал

пред 3 години

Олимпискиот турнир во сингл за најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ се претвори во кошмар. Во Токио пристигна како најголем фаворит за златниот медал, на крајот не упеа да освои ниту бронза. Пабло Карењо Буста, по голема борба која траеше два часа и 49 минути, го победи Ѓоковиќ со 6/4, 6/7, 6/3.

Психолошкиот товар, заморот, нервозата и одличниот притивник го оневозможија Ѓоковиќ да победи во „малото финале“.

Шпанецот максимално ги искористи своите шанси, иако можеше мечот да го заврши во два сета, реализираше две од трите брејк топки и ја освои бронзата.

Ѓоковиќ беше далеку од вистинскиот ритам, а помалку звучи неверојатно податокот дека не успеа ниту еднаш да му го одземе сервисот на противникот. Имаше шест топки за брејк не искористи ниту една.

Новак Ѓоковиќ ќе има уште една шанса да освои бронза во Токио, за еден час со партнерката Нина Стојановиќ ќе го игра „малото финале“ во микс дубл.

Share
Scroll to Top