Ѓоковиќ: Пукнатината на мускулот е 25 милиметри

Ѓоковиќ: Пукнатината на мускулот е 25 милиметри

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ, вчера ја освои деветтата титула на Австралија опен. Србинот со импресивна игра го декласира Данил Медведев со 7/5, 6/2, 6/2. Хејтерите на Ѓоковиќ не мируваа ниту по оваа победа, повторно го нападнаа дека глумел повреда. Ѓоковиќ во третото коло, во дуелот со Тејлор Фриц се повреди, но и покрај тоа, успеа да го одбрани трофејот.

Ден по победата, Ѓоковиќ ги објави резултатите од последниот преглед извршен со магнетна резонанца.

„Снимањето со магнетна резонанца покажа дека штетата сега е многу поголема, него што тоа беше во моментот кога се случи во мечот од третото коло. Пукнатината е поголема. Беше 1,7 милиметри, а сега е 25 милиметри. Сепак нема причина за загриженост, така ми кажаа лекарите. Ќе треба да мирувам, додека не го залечам во целост мускулот“, рекол Ѓоковиќ.

Наредниот турнир на кој би можел да учествува Ѓоковиќ е мастерсот во Мајами. Овој турнир според планот треба да се игра кон крајот на наредниот месец.

Share
Scroll to Top