Новак Ѓоковиќ, со 500 поени помалку на своето конто, ја започна 320.недела на челната позиција на АТП листата.
Ѓоковиќ, не учествуваше на Мастерсот во Мадрид, поради што не успеа да ги одбрани поени кои ги освои во 2019 година. Лани, поради коронавирусот Мастерсот во Мадрид не се одржа.
Од оваа недела на второто место на АТП листата се врати Данил Медведев. Рускиот тенисер има 9.780 поени, 150 повеќе од Рафаел Надал, кој во Мадрид настапот го заврши во четврт-финалето.
Своите позиции ги задржаа Доминик Тим (8.365), Стефанос Циципас (7.610), Александар Зверев (6.945), Андреј Рубљов (6.000) и Роџер Федерер (5.785).
Финалистот во Мадрид, Матео Беретини скока една позиција, на деветтото место тој има 3.048 поени. Топ 10 завршува со Диего Шварцман (3.765).