Ѕвездите на Атлетико на тренинг со „Фиат Панда“

Ѕвездите на Атлетико на тренинг со „Фиат Панда“

пред 3 години

Шпанија се уште е во хаос од неверемто што го предизвика олујата Филомена. Најтешко од обилните снежни врнежи, од петокот, беше погоден главниот град Мадрид.

Филомена го одложи натпреварот помеѓу Атлетико Мадрид и Ателтик Билбао, додека Реал имаа големи потешкотии на патот кон Памплона.

Фудбалерите на Ателтико, продолжија со тренинзите, тие во среда ќе ја пречекаат Севилја, во одложениот натпревар од првото коло во Ла Лига.

Сепак сосотојбата по улиците во Мадрид е лоша, има многу снег, поради што, ѕвездите на Атлетико, своите скапоцени автомобили ги чуваат во гаражите. Се возат во стари автомобили.

Хит на социјалните мрежи се Караско, Врсаљко, Лемар и Ермозо. Овие четворица во тренинг–центарот пристигнале со стар модел на „Фиат Панда“.

Фотографијата ја објави десниот бек Шиме Врсаљко. Хрватот по пауза од десет месеци се врати во тимот на Атлетико, веќе има одиграно два натпревари за првиот тим.

Share
Scroll to Top