Ѕјуба се врати во руската репрезентација по скандалот со мастурбирањето

Ѕјуба се врати во руската репрезентација по скандалот со мастурбирањето

пред 4 години

Капитенот на Зенит Санкт Петерсбург и на руската репрезентација, Артем Ѕјуба повторно е повикан од селекторот Станислав Черчесов за натпреварите од квалификациите за СП во Катар 2022, првпат од ноември, кога излезе скандалот со неговото видео на кое мастурбира.

Черчесов реши да не го повикува Ѕјуба во „Зборнаја“ откако на Интернет се појави видеото на кое Ѕјуба легнат на кревет се самозадоволува, пропуштајќи три натпревари. Без него, Русија загуби со 3:2 од Турција и со 5:0 од Србија во Лигата на нации, и одигра 0:0 во пријателски натпревар со Молдавија.

Но, сега, Черчесов реши да го повика за натпреварите од квалификациите против Малта, Словенија и Словачка.

Рускиот капитен Ѕјуба во бизарно видео со мастурбирање

Share
Scroll to Top