Јамал: Невозможно е да се достигне нивото на Меси

Јамал: Невозможно е да се достигне нивото на Меси

пред 1 недела

Со Шпанија стана шампион на Европа, патем собори некои рекорди на континеталното натпреварување, но Ламин Јамал истакнува дека сака да остави свој белег во Барселона.

Ламин Џамал штотуку наполни 17 години, а веќе стана еден од најбараните и најпопуларните европски фудбалери. Дури и супербогатиот Пари Сен Жермен „му фрли око“, но тој самиот истакнува дека размислува само за Барселона.

„Никогаш не сакам да ја напуштам Барселона. Сакам да станам клупска легенда. Сакам да ме споредуваат со најдобриот во историјата, Лео Меси. Но, сакам да бидам Ламин Јамал, но да се достигне нивото на Меси е невозможно“, изјави Јамал.

Share
Scroll to Top