Јамал: Нема подобар од Меси во историјата на фудбалот

Јамал: Нема подобар од Меси во историјата на фудбалот

пред 4 часа

Младата фудбалска суперѕвезда Ламин Јамал уште еднаш покажа кој е неговиот идол, а кога беше прашан кој е најдобриот фудбалер на сите времиња за него, тој немаше дилема.

Ѕвездата на Барселона и шпанската репрезентација истакна дека ниту еден играч не го импресионирал како аргентинскиот маестро, чии успеси ги смета за неповторливи.

„Меси е најголем за мене. Гледав многу фудбал и никој не ме импресионирал како него. Сè што направил во текот на неговата кариера зборува само за себе“, рече Јамал.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top