Јануари е месец за ракомет, почнува СП во Египет, првпат со 32 репрезентации

Јануари е месец за ракомет, почнува СП во Египет, првпат со 32 репрезентации

пред 3 години

Јануари по правило е месец за ракомет, денеска во Египет почнува ракометниот Мундијал, првпат со 32 селекции. Данска го брани тронот, а за љубителите на овој спорт следуваат 18 дена уживање.

Наредениот период во 4 града во Египет ќе се одржат мечевите од 27. Светско првенство кое по третпат се одржува во Африка, а по вторпат во Египет (1999 година беше првиот пат).

32 селекции ќе бидат поделени во 8 групи со по 4 репрезентации, трите најдобри од секоја група одат во втора рунда каде заедно со соседната група ќе се прави нов група од по 6 селекции. Двете најдобри од секоја новоформирана група ќе играат елиминации.

Помалку неочекувано и Македонија, но и Швајцарија ќе бидат дел од овој шампионат, откако најпрво Чешка, а потоа и САД поради проблеми со коронавирусот мораа да се повлечат од Мундијалот.

Најтрофејна ракометна сила кога се СП во прашање е Франција со 11 медали, од кои 6 златни. Шведска исто има 11 одличја, 4 најсјајни, колку што има и Романија, додека Германија, Русија и Шпанија имаат по две злата.

На овој Мундијал кој ќе се игра пред празни трибини се очекува главни фаворити за висок пласман да се Данска, Франција, Норвешка, Хрватска, Германија, па и Португалија.

Секој селектор на овој Мундијал може да поведе 20 играчи, а во протоколот на мечевите ќе бидат по 16. Во текот на првенството секоја селекцја може да замени 5 ракометари од првичниот список од 35 играчи.

За Македонија најинтересна ќе биде групата Г во Каиро (Египет, Шведска, Македонија и Чиле).

Денеска од 18 часот токму со мечот Египет – Чиле се отвора шампионатот.

Вчера Чешка се откажа од Мундијалот, па Македонија како прва резерва влегува на нивно место.

Нашата селекција ќе ја предводи капитенот Кирил Лазаров, а во составот ќе ги нема Дејан Манасков, Борко Ристовски, Гоце Георгиевски, Велко Марковски, но и Бојан Маџовски кој неодамна заработи скршеница на раката.

На хартија најголем фаворит во групата е Шведска иако и оваа селекција ќе настапи со изменет состав, што поради повреди, позитивни играчи на Ковид 19, но и откажувања.

Share
Scroll to Top