Јапонка ќе добие нов златен медал откако градоначалникот го гризна стариот

Јапонка ќе добие нов златен медал откако градоначалникот го гризна стариот

пред 4 години

Јапонската софтбол натпреварувачка, Миу Гото, ќе добие нов златен медал од организаторите на Олимписките игри, откако градоначалникот на Нагоја го гризна стариот медал.

Гестот на 72-годишниот Такаши Камавура предизвика бура на реакции во Јапонија, од критики за непочитување на протоколите за заштита од КОВИД-19, до крајно непочитување кон Гото.

„Покрај тоа што покажа непочитување за спортистите, го гризна медалот. Навистина не го разбирам потегот“, изјави освојувачката на сребро во мечување, Јуки Ота.

Share