Ја прекина пензијата за да потпише со тим од шпанската Трета лига

Ја прекина пензијата за да потпише со тим од шпанската Трета лига

пред 3 години

Поранешниот англиски репрезентативец, Џолеон Лескот (38), по пауза од три години повторно реши да се врати на фудбалските терени. Играчот кој два пати бил шампион на Англија со Манчестер сити, потпишал договор со Расинг Мурсија, клуб кој се натпреварува во третиот ранг на шпанскиот фудбал.

Расинг Мурсија го потврдија трансферот и објавија дека тој ќе биде во тимот на натпреварот против Леванте, во 1/16 финалето во Купот, на 16.декември.

Лескот во кариерата играл и за Евертон, односно Вулверхемптон. За Англија настапил на 26 натпревари, постигнал еден гол.

Во расинг Мурсија игра Матијас Погба, брат на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Пол, а во план им е да го натераат за нов да потпише и Самуел Ето.

 

Share
Scroll to Top