Јилдиз ќе ја добие „десетката“ во Јувентус

Јилдиз ќе ја добие „десетката“ во Јувентус

пред 11 месеци

Кенан Јилдиз (18) е новата турска сензација. Станува збор за офанзивецот на Јувентус кој досега одигра три натпревари за турската репрезентација, а дебитираше во победата над Хрватска (1:0) во Осиек во октомври.

Јилдиз има договор со Јувентус до летото 2027 година, а во клубот пристигна во летото 2022 година откако му истече договорот со Баерн.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, оваа сезона на младиот напаѓач му даде 13 настапи во првиот тим, од кои шест започна во стартната постава.

Во клубот се задоволни од Јилдиз, поради што решиле да преземета чекори за да му стават до знаење дека серизно сметаат на него.

„Газета дело Спорт“, тврди дека Јилдиз ќе добие нов договор, вреден еден милион евра годишно до 2029 година, но и највисоката чест што може да ја добие еден играч на Јувентус.

Имено, Јилдиз ќе стане новата десетка на „старата дама“. Овој број во Јувентус го носеа великаните како Алесандро Дел Пјеро, Роберто Баџо и Мишел Платини.

Share
Scroll to Top