Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ би можело да крајот на преодниот рок да го напушти Кралскиот клуб. Италијанските медиуми цело лето го поврзуваа со трансфер во Серија А.
На крајот на јули Сампдорија беше главниот кандидат за потписот на Србинот, па сега по цел месец, клубот од Џенова повторно, според пишувањата на италијанските медиуми, е прв фаворит Јовиќ да ги засили нивните редови.
Италијанскиот новинар Џанлука ди Марцио пишува дека Самп и првиот човек на клубот, Масимо Ферера сакаат да го доведат српскиот фудбалер затоа што веруваат дека тоа ќе влијае на амбиентот во клубот.
Освен Јовиќ, се споменуваа и имињата на Франк Рибери, Петања и Кеира Балде како потенцијални засилувања.
Покрај Сампдорија, претходно и Јувентус, Јовиќ се поврзуваше и со трансфер во Милан, но и Интер.