Јовиќ ќе даде 3.5 милиони во хуманитарни цели за да избегне затвор

Јовиќ ќе даде 3.5 милиони во хуманитарни цели за да избегне затвор

пред 3 години

Фудбалерот на мадридски Реал, Лука Јовиќ по доаѓањето во Белград, на собирот на селекцијата на Србија пред бараж финалето во Лига на нации против Шкотска бил сослушан во Јавното обвинителство. Тој се договорил на решение за случајот со неговото прекршување на карантинот во текот на пандемијата на коронавирусот поради што му се закануваше казна затвор.

Поради кршењето на правилото за самоизолација по доаѓањето од Мадрид во Белград, во март годинава против него беше поднесена кривична пријава.

Обвинителството за него бараше строга казна, но сепак се спогодија фудбалерот да уплати 3.5 милиони српски динари во хуманитарни цели и тужбата да биде повлечена.

Инаку, пријавата против него беше поднесена на 22 минатиот месец, а првичната одлука на Јовиќ беше да не даде пари за хуманитарни цели затоа што не се чувствувал виновен.

Share
Scroll to Top