Јокановиќ може во Шефилд ама за 4.7 милиони евра годишно

Јокановиќ може во Шефилд ама за 4.7 милиони евра годишно

пред 4 години

Поранешниот српски фудбалски репрезентативец, актуелен тренер – Славиша Јокановиќ подолго време се поврзува со враќање во Премиерлигата, поточно во редовите на Шефилд Јунајтед. Тој изминатите години се покажа како одличен стручњак за да доведе клуб до Премиерлигата од пониските англиски лиги.

Британски „Сан“ пренесува дека Јокановиќ во катарскиот клуб моментно заработува по околу 3 милиони евра годишно.
Србинот би дошол во Шефилд само за подобра понуда од актуелната, а тоа би било 88.000 евра неделно.

Практично – тоа значи дека Шефилд Јунајтед годишно на име на плата без данок би требало да издвои по 4.7 милиони евра.

Јокановиќ тренерската кариера ја почна во Партизан, па беше на чело на Муантонг Јунајтед, Левски Софија, Херкулес, Вотфорд, Макаби Тел Авив и Фулам.

Share
Scroll to Top