Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, забележа трипл-дабл во поразот на неговиот тим во Њујорк. Никс по две продолженија славеа победа 134:127.
Јокиќ, во последната секунда од регларниот дел не погоди тројка за победа. На овој меч тој забележа 30 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Шутираше лошо за три поени, погоди само една тројка од 13 обиди.
Јокиќ го забележа 181-от трипл-дабл во својата кариера, со што се изедначи со Оскар Робертсон на второто место на вечната листа.
Пред него сега е само Расел Вестбрук со 207.
Јокиќ ја достигна бројката од 181 во 781 натпревари во регуларната сезона, додека на Робертсон му беа потребни 1.039 натпревари за истиот учинок.






