Јокиќ доминираше против Клиперси па промаши тројка за победа

Јокиќ доминираше против Клиперси па промаши тројка за победа

пред 7 месеци

Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл, 24. во сезоната, 129. во кариерата, но не погоди тројка за победа на Денвер. Актуелните шампиони доживеаја пораз во Лос Анџелес од Клиперси со 102:100.

Денвер во ЛА испуштија предност од 17 поени, во последната четвртина останаа без тренерот Мајк Мелоун кој доби две технички грешки, откако протестираше по судиските одлуки.

Јокиќ натпреварот го заврши со 36 поени, 17 скокови и 10 асистенции. Со звукот на сирената не успеа да погоди тројка за победа. На спротивната страна Пол Џорџ уфрли 28 поени.

Далас славеа победа над Атланта 109:95. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 25 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Резултати:

ЛА Клиперс – Денвер 102:100
Хјустон – Голден Стејт 110:133
Њујорк – Сакраменто 120:109
Мајами – Филаделфија 105:109
Далас – Атланта 109:95

Share
Scroll to Top