Играчите од прсоторите на поранешна Југославија блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Никола Јокиќ, Бојан Богдановиќ и Лука Дончиќ ја минаа границата од 30 поени, додека на Никола Вучевиќ му недостигаше еден поен за да дојде до оваа бројка. Јокиќ и Дончиќ беа на асистенција до трипл-дабл учинок.
Далас Маверикс славеа во дуелот со Орландо Меџик 130:124. Дончиќ го предводеше Далас со 33 поени, 10 скока и девет асистенции, Кристапс Прозингис забележа дабл-дабл од 17 поени и 10 скока, а Џејлен Браун уфрли 24 поени.
Вучевиќ во редовите на Орландо блескаше со 29 поени, 15 скокови и осум асистенции, Евен Фурније реализираше 26 поени.
Њу Орлеанс Пеликанс забележаа победа во дуелот со најдобриот тим во НБА, Јута Џез. Пеликанс славеа со 129:124. До победата ги предводеа Брендон Инграм и Зајон Вилијамсон со по 26 поени. Најдобар кај Јута беше Бојан Богдановиќ со 31 поен. За Јута ова беше осмиот пораз во сезоната.
Денвер Нагетс, во Чикаго ги победија Булси со 118:112. Јокиќ го предводеше Денвер со 39 поени, 14 скокови и девет асистенции. Српскиот центар помош доби од Џамал Мареј (24 поени) и Мајкл Портер (17 поени, 15 скокови).