Јокиќ прогнозира кои екипи ќе се борат за трофејот во Евролигата

Јокиќ прогнозира кои екипи ќе се борат за трофејот во Евролигата

пред 9 месеци

НБА ѕвездата Никола Јокиќ прогнозираше кои екипи ќе се пласираат на завршниот турнир во Евролигата оваа сезона.

До крајот на регуларниот дел од сезоната во Евролигата остануваат уште седум кола, а потоа следува разигрувањето преку плеј-ин и плеј-оф.

Јокиќ смета дека ниту еден српски клуб на завршниот турнир, Црвена звезда има теоретски шанси за плај-ин, а Партизан се бори за место во плеј-ин.

„Мислам дека Реал и Барселона ќе бидат меѓу четирите најдобри екипи. Можеби Монако и се надевам на Олимпијакос бидејќи таму игра мојот пријател Никола Милутинов“, изјави Јокиќ.

Интересно екипите што ги наведе Јокиќ минатат сезона играа на завршниот турнир.

На табелата во Евролигата убедливо води Реал Мадрид со скор 22-5, а потоа следат Барселона со четири и Панатинаикос, Монако и Виртус со по пет победи помалку.

Олимпијакос и Фенербахче се на границата на плеј-офот и плеј-ин со скор 16-11.

Share
Scroll to Top