Јуве, се намачи со Специја, но стигна до својата прва победа оваа сезона

Јуве, се намачи со Специја, но стигна до својата прва победа оваа сезона

пред 3 години

Јувентус, конечно, во петтото коло во Серија А, стигна до својата прва победа во новата сезона, враќајќи се од 2:1 негатива за 2:3 триумф на гости кај Специја, додека Салернитана по четири порази, го запиша првиот бод оваа сезона со 2:2 ремито со Верона.

Моисе Кин, враќањето во црно-белиот дрес, го прослави со гол во 28. минута од мечот, но Емануел Гјаси по само пет минути успеа да израмни. Французинот Јанис Антист ги шокираше „бјанконерите“ во 49. минута за неочекувано водство.

Но, тимот на Макс Алегри успеа да се соземе – Федерико Киеза во 66. минута израмни, за Матијс де Лихт да донесе три поени во 72. минута од мечот.

СЕРИЈА А, 5.КОЛО

Специја – Јувентус 2:3

Салернитана – Хелас Верона 2:2

Share
Scroll to Top