Манчестер Јунајтед се соочува со пробелми со повредени играчи пред стартот на новата сезона.
Познато е дека Маркус Рашфорд ќе го прескокне почетокот на новата сезона во Премиерлигата затоа што ќе оди на операција на рамото.
Сега менаџерот Оле Гунар Солскјер има нови проблеми, затоа што повредени му се двата леви бека.
Лук Шо последните неколку мечеви од ЕУРО 2020 ги играл со скршени ребра и некое време ќе е надвор од стројот.
Нов проблем е повредата на Алекс Телес кој заработи повреда во тренинг кампот на „ѓаволите“, па поради тоа не настапи на пријателската со Квинс Парк Ренџерс што Јунајтед ја загубија со 4-2.
Солскјер порача дека без неговите услуги ќе е неколку недели.
Прашање е дали Шо и Телес ќе стигнат да се опорават до 14 август кога Јунајтед на својот стадион ја отвора сезоната против Лидс Јунајтед.