Јунајтед одат во Париз без Кавани и Мегваер!

Јунајтед одат во Париз без Кавани и Мегваер!

пред 4 години

Единсон Кавани нема да дебитира за Манчестер јунајтед против својот поранешен клуб Пари Сен-Жермен, откако тој остана во Англија заедно со капитенот Хери Мегваер и нема да игра во првиот меч од Лигата на шампионите.

Иако 33-годишниот Кавани почна со тренинзи во Керингтон оваа недела, во Јунајтед сметаат дека треба да почека за дебито за „ѓаволите“ против Челси на „Олд Трафорд“, иако англиските медиуми велат дека може да патува во Париз, но само како гледач.

Капитенот Мегваер исто така не беше дел од тимот кој замина за Париз, иако беше стартер и постигна гол при 4:1 победата на гостувањето кај Њукасл.

Share
Scroll to Top