Манчестер јунајтед ќе му понудат на Пол Погба нов долгорочен договор за да го заддржат Французинот на „Олд Трафорд“, но тој планира да ја „отслужи“ последната година од договорот и да замине на слободен трансфер во Реал Мадрид, тврди британскиот „Дејли стар“.
Погба очекува следната сезона да отиде на „Сантијаго Бернабеу“ во „пакет“ со сонародникот Килијан Мбапе, а можеби и Ерлинг Халанд. 28-годишниот Французин се врати на „Олд Трафорд“ од Јувентус во 2016 година, но постојано го следат шпекулации дека ќе замине од клубот, со Јувентус, Барселона и Реал Мадрид како постојани цели. Ова лето се шпекулираше дека тој сака да оди во ПСЖ, но тие веќе го добија Лионел Меси и Погба верува дека таму нема место за него.
Погба имаше фантастичен прв меч од сезоната за Јунајтед, со неверојатни четири асистенции при 5:1 победата над Лидс вчера.