Џеси Лингард очекува да добива повеќе шанси од Оле Гунар Солскјер доколку се покажат како вистинити шпекулациите дека Манчестер јунајтед сака да го врати од позајмицата во Вест хем по импресивните игри на 27-годишниот Англичанец.
Лингард има 5 гола и 3 асистенции во само седум меча за тимот на Дејвид Мојс, откако претходно воопшто не беше во плановите на Солскјер. Лингард вели дека единствено сака да има повеќе шанси да игра.
„Задоволен сум од тоа како се одвиваат работите. Јас само сакав да играм редовно фудбал, бидејќи кога играш секоја недела ти расне самодовербата. Постигнувам голови, помагам на тимот, и сакам да ја продолжам таа форма и во иднина“, вели Лингард.