Јунајтед ќе ангажира Шпанец ако Тен Хаг добие отказ

Јунајтед ќе ангажира Шпанец ако Тен Хаг добие отказ

пред 5 месеци

Ерик тен Хаг барем уште некое време не мора да стравува за работното место. По некое чудо Холанѓанецот ја прежиева елиминацијата од Лигата на шампионите и седумтет порази во 16. кола во Премиер лигата

Англиските медиуми се прашуваат до кога ќе трае трпението на клупските челници, бидејќи е јасно дека Тен Хаг не го испорачува ветенот.

Од друга страна Шпанците тврдат дека доколку Тен Хаг добие отказ на неговото место ќе дојде Хулен Лопетеги.

Шпанецот е без работа откако го напушти Вулверхемптон, ги одби понудите од Саудиска Арабија, минатата недела се поврзуваше со Нотингем Форест, а зад себе има интересно CV.

Беше селектор на Шпанија, потоа накратко раководеше со Реал Мадрид во сезоната 2018/19, а најуспешен беше во Севилја со која ја освои Лига Европа.

Исто така, истите извори потсетуваат дека во тимот има и играчи кои соработувале со него, како Рафаел Варан, Касемиро, Серхио Регуилон.

Лопетеги одбил 18 милиони евра годишно од Саудиска Арабија, а се шпекулира дека зад тоа се крие желбата да работи во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top