Њукасл биле сериозно заинтересирани за Џеко

Њукасл биле сериозно заинтересирани за Џеко

пред 2 години

Њукасл јунјатед, во наредниот преоден рок, според финасискиот фер-плеј, на засилувања ќе може да потроши 230.000.000 евра.

Вечера, англиските и шпанските медиуми, објавија дека прво засилување во зимскиот преоден рок ќе биде десниот бек на Атлетико Мадрид, Киран Трипие. Според овие извори двата тима постигнале договор и Трипие за сума помѓеу 25 и 30.000.000 евра ќе се врати во Премиер лигата.

Во преодниот рок, Њукасл, мора да го реши горливото прашање во нападот. На менаџерот Еди хау под итно му е потребен напаѓач, го во голем процент ќе ги реализира гол-шансите.

Њукасл од почетокот на сезоната постигнува еден гол по натпревар. Хау смета дека иделано решение во нападот би бил Един Џеко.

35-годишникот игра одлично во Интер, на 23 натпревари сезонава има постигнато 11 голови.

Наводно, во Њукасл веруваат дека ќе го убедат Интер да им го продаде Џеко. Прашање е само дали ветеранот сака да се врати во Премиер лигата и тоа во тим кој се бори за опстанок.

Share
Scroll to Top