Њујорк Либерти ја освоија ВБНА – „Босанката“ Џонс МВП на финалето

Њујорк Либерти ја освоија ВБНА – „Босанката“ Џонс МВП на финалето

пред 2 месеци

Кошаркарите на Њујорк Либерти ја освоија титулата во ВНБА за 2024 година.

Њујорк Либерти го доби последниот, петти натпревар од финалето на ВНБА против Минесота Линкс на домашен терен со 67:62 по продолжение.

На тој начин, Либерти ја освоија својата прва ВНБА титула во историјата.

Најзаслужна за триумфот беше 30-годишната Јонкел Џонс, кошаркарка од Бахамите која од 2019 година има пасош на Босна и Херцеговина и неколку години ја претставуваа оваа репрезентација.

Џонс го заврши мечот со 17 поени и шест скока, а во финалната серија имаше 17,8 поени и 7,6 скока што и ја донесе престижната МВП награда. Покрај „Босанката“ Џонс се истакнаа Германките Фаибих и Сабали со 13 поени и седум скока, додека Стјуарт имаше 13 поени, 15 скока и четири асистенции.

На другата страна, Колиер имаше 22 поени и седум скока, а Мекбрајд имаше 21 поен и по пет скока и асистенции.

Share
Scroll to Top