Ќе има нов европски шампион – Португалија се враќа дома, Белгија е четвртфиналист

Ќе има нов европски шампион – Португалија се враќа дома, Белгија е четвртфиналист

пред 3 години

Фудбалската репрезентација на Белгија е четвртиот четвртфиналист на ЕУРО2020 откако предмалку „црвените ѓаволи“ на Мартинез го 1-0 го совладаа составот на Португалија во шпанска Севилја. Португалија е се уште актуелен европски шампион од пред 5 години, но на ова ЕУРО друга селекција ќе биде крунисана.

Единствениот гол на овој нервозен дерби натпревар беше дело на Торган Азар во 42 минута од мечот кога играчот на Борусија Дортмунд биеше силно и прецизно од 20-тина метри.

Во првото полувреме Португалија беше подобар противник, Жота во 5-тата и Роналдо во 25-тата минута имаа можност да го загрозат голманот Куртоа, но беа непрецизни.

Во второто полувреме Португалија ја имаше иницијативата, а им се олесни работата откако во 47 минута поради повреда мораше играта да ја напушти Де Брујне, по еден старт на Палиња.

Во 58 минута Диего Жота биеше неколку сантиметри над пречката откако Кристијано Роналдо одлично го вработи во шеснаесетникот.

Во 82 минута Дијаш со глава право бие во Куртоа, а во 83 минута стативата на Куртоа се тресе – Гереиро бие од 16 метри, за милиметри непрецизно.

Во последните минути од мечот неколку обиди на Португалија да стигнат до реми, неуспешно. Куртоа беше на висината на задачата, а обидите на Роналдо, Андре Силва, Бруно Фернадеш беа неуспешни.

Белгија во четвртфиналето оди на Италија која вчера беше подобра од Австрија, 2-1.

Share
Scroll to Top