Џанлука Вијали е клучен човек во преземањето на Интер?

Џанлука Вијали е клучен човек во преземањето на Интер?

пред 3 години

Според италијанскиот бизнис весник „Ил соле 24 оре“, Џанлука Вијали и неговата консултантска куќа „Тифози ЛТД“ е клучниот фактор во преговорите на британската компанија „БЦ партнерс“ за преземање на контролата на Интер.

Нивните извори велат дека компанијата на поранешната фудбалска легенда на Челси и Јувентус е задолжена за подготвување анализа за финансиската состојба на Интер, по што ќе се донесе конечната одлука дали „БЦ партнерс“ ќе се обидат да земат уддел кај „нераѕурите“ или да ја преземат контролата од кинеската „Сунинг групација“.

Весникот исто така тврди дека првиот човек на „БЦ партнерс“, Никос Статопулос го ангажирал и поранешниот директор на Јувентус, Марко Ре како советник во „операцијата Интер“.

Share
Scroll to Top