Един Џеко вели дека се чувствува како да е во Интер „со години“, откако постигна гол на своето деби, додавајќи дека секогаш знаел дека стилот на игра на Симоне Инзаги ќе биде „совршен“ за него.
Џеко пристигна речиси бесплатно на „Меаца“, со под 2 милиони евра во бонуси ако Интер влезе во Лигата на шампиони, и постигна гол при 4:0 победата над Џенова во првиот меч.
„Беше навистина емотивен момент, посебно бидејќи првпат ги имавме навивачите на трибините. Мојата мајка исто така беше на ‘Сан Сиро’. Беше прекрасно да се заврши вечерта со гол. Се чувствувам како со години да играм тука, одлично соработувам со тимските колеги и работиме фантастично. Дојдов во Интер бидејќи тука има многу шампиони со кои ќе играм. Сум бил на ‘Сан Сиро’ толку пати како противник и за малку ќе влезев во погрешната соблекувална пред Иван Перишиќ да ми помогне. Бидејќи слушнав многу добри работи за Инзаги од фудбалери кои работеле со него, знаев дека ќе биде совршен за мене“, вели Џеко.
? | APPUNTAMENTO
?️ Non perdetevi Inter News, in onda alle 19.30 ?
??? @EdDzeko ha parlato ai nostri microfoni ?️
? E voi che ne dite? Dopo averlo visto in campo, vi sembra che sia appena arrivato? ⚫? pic.twitter.com/PkJORYtP8G— Inter TV (@Inter_TV) August 25, 2021