Џеко: Поради еден човек си заминав од Манчестер сити

Џеко: Поради еден човек си заминав од Манчестер сити

пред 2 години

Един Џеко (35), во интервју за „Кориере дела Сера“, открил зошто во 2015 година го напуштил Манчестер сити.

Џеко, четири сезони мина во Сити, со клубот два пати ја освои Премиер лигата, по еднаш им се радуваше на трофеите во Лига и ФА купот, односно во Комјунити шилд.

Босанецот од Манчестер сити се пресели во Рома. Шест години го носеше дресот на „волчицата“, од оваа сезона игра за Интер.

„Се наоѓав во најдобриот период од кариерата, не сакав да бидам резерва, поради тоа ја одбрав Рома. Не жалам за таа моја одлука. Само трофеј не успеав да освојам, но во Рома минав прекрасни шест години. Во срцето го носам тој клуб. Сега сум во Интер, сакам да ја освојам титулата. Инаку, Англија ја напуштив и покрај тоа што имав уште три години од договорот со Сити. Не се согласував со тренерот Мануел Пелегрини“, рекол Џеко.

Share
Scroll to Top