Џерард: Навивачите на Ливерпул го сакаат Клоп и тоа е добро

Џерард: Навивачите на Ливерпул го сакаат Клоп и тоа е добро

пред 3 години

Кризата која го тресе Ливерпул и ренесансата што ја доживува Глазгов Ренџерс, ги натераа медиумите во Англија да започнат со шпекулациите дека Јирген Клоп ќе замине од „Енфилд“, а на неговото место ќе пристигне клупската легенда Стивен Џерард.

Популарниот Стиви-Џи, изјавил дека се уште е рано да се случи нешто вакво, истакнувајќи дека навивачите не се за ваква промена.

„Навивачите на Ливерпул не сакаат ја да бидам новиот менаџер. Тие сакаат Клоп да остане во клубот и да ја продолжи својата работа. Јас ги поддржувам. Воопшто не треба да ја отвораме оваа тема. Имаме еден од најдобрите менаџери во светот. Јас имам работа во Ренџерс. Сметам дека не е добро да разговараме на оваа тема. Се надевам дека Јирген уште многу години ќе остане на Енфилд“, рекол Џерард.

Сепак Џеррад не крие дека некогаш во кариерата би сакал да биде менаџер на Ливерпул.

„Ливерпул е мојот клуб. Имам сјајна кариера. Дали сонувам еден да бидам менаџер во клубот? Секако, но прашање е дали ќе бидам доволно добар за таква работа“.

Share
Scroll to Top