Џеси Лингард во Сеул

Џеси Лингард во Сеул

пред 10 месеци

Англискиот фудбалер Џеси Лингард (31) го реализираше најчудниот трансфер оваа зима. Поранешниот англиски репрезентативец кариерата ќе ја продолжи во Јужна Кореа. Сеул ќе биде првото интернационално искуство за Лингард.

Лингард беше без клуб од летото, кога ги напушти редовите на Нотингем Форест.

Годината претходно го доби најголемиот договор во тимот од Нотингем, но не го оправда вложеното, постигна само два гола во ФА Купот.

За Нотингем играше само една година.

Лингард 11 години беше дел од Манчестер јунајтед, а голем дел од тоа време го помина на позајмица во Лестер, Бирмингем, Брајтон, Дерби и Вест Хем.

Share
Scroll to Top