Џејми Карагер: Салах го трука клубот „под автобус“

Џејми Карагер: Салах го трука клубот „под автобус“

пред 2 часа

Мохамед Салах и натаму е главна тема во спортската јавност на Островото. Изјавата што ја даде по мечот во Лидс, ја продлабочија кризата во која се наоѓа Ливерпул. Како одговор на неговата изјава, менаџерот Арне Слот, одлучи Салах да не патува со тимот на натпреварот од ЛШ, воМилано против Интер.

Долгогодишниот капитен на Ливерпул, Џејми Карагер, верува дека единствениот виновник за кризата што ги тресе „црвените“ е Мохамед Салах.

„Мислам дека со изјавата што ја даде по натпреварот направи голема штета. Секогаш кога Мо Салах ќе застане во микс-зоната, што го направи четири пати за осум години, тоа е планирано меѓу него и неговиот менаџер да се направи максимална штета и да се зајакне неговата позиција. Чекаше лош резултат и го избра тој момент да го нападне менаџерот“.

Карагер особено го коментираше делот од изјавата во која Салах вели дека клубот го „фрлил под автобус“.

„Тој се обиде двапати да го фрли клубот под автобус во последните 12 месеци – заедно со менаџерот, во време кога треба да прави сè што може за да му помогне на клубот да се справи со најлошата серија резултати од 1950-тите“, изјави прославениот стопер за „Скај Спортс“.

Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN

Share
Scroll to Top