Џордан ја „заскокотка“ јавност – што носи во стариот куфер?

Џордан ја „заскокотка“ јавност – што носи во стариот куфер?

пред 3 години

Познат хрватски ресторан на Хвар објави на својата ФБ страница фотографија каде што дел од вработените го овековечиле моментот со легендарниот кошаркар Мајкл Џордан.

Сепак вниманието остана насочено на еден мал детал од фотографијата. Се работи за стар куфер, па се крена многу фама за тоа што Џордан носи во него.

Инаку, хрватските медиуми објавуваат дека Мајкл, заедно со својата сопруга (летуваат на Јадранско море) се симнале од јахтата и се упатиле кон ресторанот во Хвар, опкружени од обожаватели кои направиле метеж.

Информациите од Хрватска велат дека легендата на светската кошарка не се однесувал како голема ѕвезда и трпеливо се фотографирал со сите кои тоа го побарале, со некои од нив дури и се прегрнале.

Во ресторанот опуштено биле сместени, на камена ограда, а пред ресторанот била собрана поголема група кои ги фотографирале.

Share
Scroll to Top