Џошуа: Ќе се откажам од појасот во ВБО ако луѓето сакаат меч со Фјури

Џошуа: Ќе се откажам од појасот во ВБО ако луѓето сакаат меч со Фјури

пред 3 години

Мечот меѓу тешкашите Ентони Џошуа и Тајсон Фјури треба да се случи идната година. Џошуа пред десетина дена го совлада Бугаринот Кубрат Пулев и сега на патот до мечот со Фјури му стои само уште Украинецот Олександр Усик.

Украинскиот боксер е официјален предизвикувач во ВБО верзијата. Ако Џошуа одлучи да не влезе во тој меч, тогаш ќе мора да се одрече од појасот. Сепак, Усик наводно е подготвен да се одрече од статусот – предизвикувач, но сигурно нешто ќе бара за возврат во иднина.

Што се однесува до Џошуа, тој во моментов повеќе преферира борба против Фјури отколку со Усик.

„Подготвен сум за 2021-та, а Тајсон Фјури е човек кој е подготвен да се бори против мене. И сериозен е. И јас сум 100% подготвен. Дали ќе морам да го оставам појасот за тоа да го направам? Моментно, не сум сигурен. Не би сакал тоа да го сторам затоа што тоа ми е патот до апсолутен шампион. Но ако е таква ситуацијата, а луѓето сакаат да видат борба против Тајсон, во ред, ќе се одречам“ изјави Џошуа кој призна дека мечот против сонародникот ми значи многу повеќе отколку титулата во ВБО.

„Тоа е поголема работа, откако ќе го победам Фјури, пак ќе се борам за да и го вратам тој појас. Тоа би била мојата цел“ вели Џошуа.

Сепак, Џошуа за борба против Фјури ќе мора да почека затоа што Дионтеј Вајлдер на суд се обидува да докаже дека според договорот има право на уште еден реванш со Фјури. Ако Американецот успее во намерата, јасно е дека Џошуа прво ќе се бори со Украинецот.

Share
Scroll to Top