19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

19-годишната Мира Андреева го освои Ролан Гарос

пред 2 часа

Мира Андреева е шампионка на Ролан Гарос. Русинката стигна до својата прва Гренд слем титула откако ја победи со 6:3, 6:2 плјачката Маја Хвалинска.

На 19 години, Русинката стана најмладата шампионка на Роалан Гарос од Моника Селеш во 1992 година. До победата дојде на импресивен начин.

Двете го започнаа натпреварот доста нервозно, и на двете им пречеше силниот ветер. Првите четири гема беа со ист број брејкови. Кога Хвалинска првпат го одбрани својот сервис, се чинеше дека ќе може да пружи сериозен отпор.

Се покажа дека тоа е крај на сите нејзини надежи. Андреева тогаш фати залет, ги доби следните осум гема и од 2:3 стигна до 6:3, 5:0.

Хвалинска се запиша на семафорот во вториот сет, па дури и направи брејк за 5:2. Не можеше да направи повеќе од тоа. Андреева го исјористи својот сервис по седми пат во мечот за конечни 6:3, 6:2.

Андреева е четвртата Русинка која освоила Гренд слем титула. Пред неа, тоа го постигнале Марија Шарапова (пет титули), Светлана Кузнецова (2) и Анастасија Мишкина (1).

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top