5 млади кошаркари од кои се очекува блесок во новата НБА сезона

5 млади кошаркари од кои се очекува блесок во новата НБА сезона

пред 4 години

Секоја година неколку млади играчи прават нов голем чекор покрај веќе докажаните НБА ѕвезди. Некои се родени да бидат славни, а други, пак, се појавуваат изненадно.

Ова се петте НБА играчи кои се очекува да блеснат во новата сезона која започнува на 22 овој месец:

Кристијан Вуд (Хјустон Рокетс)
– Неговата статистика на почетокот и не беше баш најдобра, но на 11-те меча на кои беше стартер имаше просек од 23 поени, 10 скока и 1,2 блокади по меч. Ако се оди по планот, се очекува Вуд да има одлична сезона.

Мајкл Портер Јуниор (Денвер Нагетс)
– Кога Вил Бартон се повреди, Портер помладиот ја доби својата шанса. Се покажа како добра опција во нападот во првите 7 меча во „меурот“ во Орландо. Имаше просек од 22 поени, 8.6 скока и 1.6 асистенции по меч.

Коби Вајт (Чикаго Булс)
– Со заминувањето на Крис Дан во Атланта, се отвора простор за Вајт за поголема минутажа сезонава. Минатата, пак, ја заврши со просек од 20 поени. Доколку продолжи во истиот ритам, за очекување е младиот кошаркар да има Ол-стар сезона.

Колин Секстон (Кливленд Кавалирс)
– Секстон минатата сезона се профилираше како еден од најводбудливите млади играчи. На последните 24 меча имаше просек од 24 поени со 50% успешен шут.

Маркел Фулц (Орландо Меџик)
– Полека но сигурно покажува ветувачки талент кој му помогна да биде избран како прв на драфтот во 2017 година. Иако шутот не му беше толку добар, неговиот стил на игра и експлозивност во нападот им одговара на „магичните“.

Share
Scroll to Top