50 години од „Мечот на столетието“ – Али-Фрејзер

50 години од „Мечот на столетието“ – Али-Фрејзер

пред 3 години

Пред точно половина век, на 8 март 1971 година, во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк се оддржа боксерскиот меч кој ќе остане запаметен како „Меч на столетието“, пресметката на двајца боксери во тешка категорија кои немаа пораз, и кои беа на спротивните страни во поделената САД во време на војната на Виетнам и владеењето на Ричард Никсон.

Мухамед Али (31-0) против Џо Фрејзер (26-0), во време кога боксот привлекуваше повеќе внимание од американскиот фудбал и кошарката во Америка.

Од една страна беше ѕвездата Мухамед Али. Освои златен медал на Олимпијадата во Рим во 1960, го смени името од Касиус Клеј, го победи Сони Листон двапати, а потоа влезе во конфликт со американската држава кога во 1967 година го регрутираа за војната во Виетнам и тој одби со зборовите: „Немам караница со Виет Конг“. Тој дефинитивно беше бунтовникот.

Од другата страна беше Фрејзер, 12-тото дете на фармер од Јужна Каролина, работејќи на плантажа каде што пред стотина години работеа робовите, пред да избега во Филаделфија, градот полн со боксерски теретани. Тој беше оригиналниот „Роки“ – работеше во месарници, удираше месо и трчаше по скалите, нешто што Силверстер Сталоне ќе го прикаже на филм. И покрај своето потекло, тој беше прикажуван како дел од естаблишментот, поради неговите врски со боксерските менаџери.

Во рингот беше пеколно! И тоа во 15 рунди. Мечот не е класика без причина, а посебно последната, 15-та рунда во која Фрејзер го прати Али на подот и иако стана по три секунди, мечот беше готов.

Ова беше само почеток на лутото ривалство меѓу двата боксери, за што има снимено и документарни филмови и за тоа како Фрејзер никогаш не му простил на Али. Во 1974 година се оддржа „Суперборбата два“, а во 1975 година, „Трилерот во Манила“, два меча кои ги доби Али.

Share
Scroll to Top