По големата победа на Вилјареал во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед во средата, УЕФА ја соопшти идеалната постава на ова натпреварување за сезоната 2020/2021.
Шампионот Вилјареал има дури шестмина меѓу најдобри во ЛЕ.
Во топ-поставата има место и за еден Србин, еден Босанец и двајца Хрвати, играчи на Динамо Загреб како награда за сјајната сезона на хрватскиот клуб.
Тимот на сезоната во ЛЕ го сочинуваат:
ГОЛМАНИ: Доминик Ливаковиќ, Херонимо Рули и Пау Лопез
ОДБРАНА: Раул Албиол, Пау Торез, Алфонсо Педраса, Хари Мегваер, Арон Ван-Бисака, Џанлуиџи Мансини и Леонардо Спинацола
СРЕДЕН РЕД: Бруно Фернандеш, Пол Погба, Скот Мектоминај, Дани Парехо, Етјен Капу, Лоренцо Пелегрини, Лукаш Провод и Мислав Оршиќ
НАПАД: Душан Тадиќ, Един Џеко, Џерар Морено, Едисон Кавани и Николас Пепе.