„AС“: Дури и Бејл е подобар од Азар, мора да си оди за да се спаси!

„AС“: Дури и Бејл е подобар од Азар, мора да си оди за да се спаси!

пред 3 години

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се уште работи на екипирање на тимот кој ќе го понесе најголемиот товар во Кралскиот клуб сезонава, а една од најголемите мистерии е Белгиецот Еден Азар.

Во првото коло беше еден од најдобрите на теренот, но во вториот сезонски меч речиси и да беше невидлив на теренот (Анчелоти го извади од игра во 59 минута).

Тиражниот шпански весник „АС“ објави наслов „Азар чека борба за место во Реал“.

„Азар беше во одлична форма во текот на претсезоната, а тоа е нешто што не сме го виделе 2 години, откако е во клубот. Под палката на Карло Анчелоти и во соработка со фитнес тренерот Пинтусо се врати на патот на старата форма. Сепак, многу брзо стана јасно дека тоа ќе биде долг пат. Потребни му се уште многу тренинзи и натпревари да се врати на нивото. Секако, мора да поработи и на психолошкиот план и да си ја врати самодовербата. Проблемот на Азар е што губи кредити кај тренерите, а за позицијата лево од Бензема конкурираат други сјајни играчи. Винисиус го спаси Реал против Леванте, а Родриго изгледа е подготвен да блесне сезонава. Дури е Бејл е подобар од Азар, мора итно да си оди за да се спаси, инаку никогаш повеќе нема да игра во првата постава на Реал“ пишува „АС“.

Share
Scroll to Top