CHERY стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија

CHERY стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија

пред 3 часа

CHERY, еден од најбрзо растечките автомобилски брендови во Европа и во светот, официјално стана спонзор на Ракометната федерација на Македонија. Соработката беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

„CHERY е бренд кој со забрзано темпо ја обликува иднината на автомобилската индустрија преку напредна технологија, современ дизајн и висок квалитет. Со поддршката на Ракометната федерација на Македонија, инвестираме не само во спортот, туку и во иднината – во младите таленти, новото раководство и позитивните промени, Чест ни е што денеска со нас се и претставници на ракометската елита на Македонија – претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, како и дел од нашите репрезентативци. Вашето присуство дополнително ја потврдува важноста и силата на ова партнерство.

„Силните брендови не се градат само преку прозводи, туку преку поврзаноста со луѓето, заедницата и страста кон возилата. Токму затоа сме тука денеска да го објавиме официјалното спонзорство на Chery кон Ракометната федерација на Македонија. Ракометот е емоција, традиција и денес е симбол на нов почеток. РФМ влегува во нова фаза со ново раководство и со јасна визија и млади таленти кои ја претставуваат иднината на македонскиот ракомет. Тоа целосно се совпаѓа со филозофијата на Chery – инвестирање во напредок, иновации и долгорочен развој. Chery носи нова енергија во автомобилската индустрија во Македонија и во светот, а македонскиот ракомет носи нова енергија и нови страсти во спортот во Македонија. Ова е чекор напред, заедно со РФМ и Chery. Веруваме дека оваа соработка ќе придонесе не само за спортски успеси, туку и за инспирација на младите деца, промоција на тимски дух, дисциплина, амбиција – вредности кои ги делат Chery и нашите репрезентативци и стручниот штаб, кои верувам дека ќе направат големи успеси во Данска. Упатувам благодарност до РФМ за довербата во име на Chery и Grand Auto – заедно до големи успеси“, изјави г-нот Дритон Заири-генерален директор на Grand Auto.

„Благодарност до г-нот Дритон Заири, кој целиот живот е посветен на ракометот. Денеска нашата соработка се продлабочува и преминува во партнерски договор за спонзорство на Ракометната федерација на Македонија. Се надевам дека оваа соработка ќе носи нови успеси и нови победи, ќе се радуваме заедно и ќе славиме. Ние како федерација сме секогаш отворени за нови соработки, работиме напорно и вредно, и се надевам дека низ сето тоа што го даваме и вложуваме, трудот на крај ќе излезе на виделина. Честитки за новиот салон на Chery и Grand Auto , и во иднина да се гледаме само за убави работи“, изјави г-нот Александар Стефанов -Претседател на Ракометна федерација на Македонија.

Спонзорството е дел од пошироката стратегија на CHERY за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија.

Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.

Со оваа соработка, CHERY и Ракометната федерација на Македонија испраќаат заедничка порака за напредок, доверба и нова енергија – и во спортот и во автомобилската индустрија.

(ПР)

Share
Scroll to Top