На 8 февруари на програмата е НБА натпревар во кој Лос Анџелес Лејкерс го пречекуваат актуелниот шампион Денвер Нагетс. Тоа ќе биде можност за златно-виолетовите да му оддадат почит на починатиот Коби Брајант, една од најголемите легенди во богатата историја на франшизата.
По тој повод Лејкерси ќе носат специјално дизајнирани дресови „Black Mamba“ во чие создавање учествувал и самиот Коби. Дресовите ќе бидат црни и ќе имитираат змиска кожа, за да бидат што подоследни на прекарот на славниот кошаркар.
The Lakers will wear their black mamba jerseys on Thursday pic.twitter.com/h9UEQd7Aq9
— NBACentral (@TheDunkCentral) February 6, 2024
Лејкерси досега двапати ги носеа овие дресови – еднаш во јануари 2018 година и вторпат во плејофот во 2020 година.
Дополнително, пред овој дуел Лејкерси пред арената „Crypto.com“ ќе откријат статуа посветена на Брајант.
Така, Коби ќе биде осмиот играч во историјата на Лејкерс кој добил споменик, а пред него таа чест ја добија Елџин Бејлор, Шекил О’Нил, Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон, Џери Вест и Чик Херн.